На ден 10.02.2020 се одржа координативен состанок на проектот ,,Во духот на претприемачки вештини во семејството“ (бр. 2019-1-LV01-KA204-060435) кој се одржа во јавната установа „Северна Литванија колеџ“. На состанокот се разговараше за сите главни организациски прашања релевантни за натамошна имплементација на проектот и беа донесени конструктивни решенија за имплементацијата на проектните активности, со цел да се обезбеди постигнување на планираните квалитативни и квантитативни индикатори на проектот. Претставниците од администрацијата за регионално планирање на Курзем (Латвија), јавната установа Северна Литванија колеџ (Литванија) и здружението на граѓани Жетва на знаење (Македонија) разговараа за натамошно реализирање на индивидуалните проектни активности со цел да се постигнат целите на проектот и резултатите, за употребата на разни алатки за дисеминација, за ефективноста на комуникацијата на учесниците во проектот, за потребата од активно вклучување на сите 3 организации и нивните тимови за образование на возрасни во развојот на компендиум на најдобри практики за вештини за претприемништво.
На состанокот се разговараше и за третата (последна) тренинг сесија за обучувачи за образование на возрасни во Македонија што ќе се одржи од 30 март до 3 април 2020 година со цел да се обезбеди целосно реализирање на проектот и да се постигне оптимална меѓународна размена на искуства и ефективна размена на добри практики.