Советот на Европа е најстарата и најголемата европска организација. Со 47 држави-членки, вклучително и РСМ, ја покрива скоро целата географска Европа и ги засега животите на над 800 милиони луѓе кои живеат овде. Советот на Европа е чувар на човековите права за граѓаните на Европа, на демократијата и владеењето на Законот.
Советот на Европа во соработка со неколку организации и Универзитетот од Цирих развија шест наставни прирачници за образование за демократска култура. Принципот на наставните материјали е заснован на идејата дека Образованието за демократија треба да ги учи учениците да заземат активна улога во училиштата и животната околина.
Образовните ресурси „Живеење во демократија“ е образовен проект, кој се стреми да промовира демократија и образование за демократија во различни нивоа на образование, во различни образовни системи.
Адекватните наставни материјали за Образованието за демократија и човекови права можат да го помогнат процесот на учење, а на учениците да им ја пренесат соодветната тематика, методолошките компетенции и компетенциите за донесување одлуки, што корелира со целите на новата концепција за основно образование во РСМ.
Сите наставни материјали се поставени на посебна веб-страна која е отворена и бесплатна за сите наставници и заинтересирани. Учениците преку овие образовни ресурси ќе можат да ги развијат потребните компетенции за демократија и човекови права. На самата веб страна можат да се најдат потребни материјали не само за учениците и наставниците, туку и за нивните родители, како и за директорите. Секоја од овие целни групи, може да одбере и користи содржини согласно потребите. Сите содржини се преведени на 13 јазици, меѓу кои и македонскиот и албанскиот јазик.
Линкот до веб страната е: https://www.living-democracy.com