Здружението на граѓани ,,Жетва на знаење“ започна со имплементација на проектот Еразмус + „Унапредување на претприемачки дух за семејствата“ (бр. 2019-1-LV01-KA204-060435). Проектот е дизајниран да им даде можност на учесниците да го споделат своето искуство и да добијат нови идеи за промовирање на претприемништво во рамките на своето работно и семејно опкружување. Партнери за соработка во проектот се колеџот Ziemeļlietuvas koledža од Литванија и Kurzemes plānošanas reģions од Летонија. Работата со семејствата е заеднички интерес за сите вклучени партнери. Како резултат на проектот, се планира да се создаде компендиум за добра практика „Како да се поттикне дух на претприемништво во семејствата“. Активноста на првата тренинг сесија од проектот се одржа од 11 до 15 ноември 2019 година во Кулдига , на која учествуваа 6 учесници на проектот од Македонија, 5 од Литванија и 10 од Летонија. На оваа обука учесниците беа запознати со латвискиот образовен систем, со можностите за промовирање на претприемништво и позитивни практики. Центарот за реставрација на Кулдига беше пример за тоа како секоја организација може да создаде „мал образовен простор“ и да ги научи жителите како да си помогнат самите на себе. Центарот за реставрација ги поддржува луѓето од Кулдига во зачувување и создавање автентични елементи од градската архитектура. Беше реализирана посета на средното училиште Кулдига, каде беа подготвени вкусни домашни колачи, и се водеа срдечни разговори. Третиот ден од тренингот беше реализиран во Скрунда, Казданга и Аизпут. Во мултифункционалниот центар за младинска иницијатива во Скрунда се реализира работилница за млади мајки. Во Казанг, беше презентирано дека и во мала парохија, луѓето можат да бидат претприемачки оспособени преку ресурсите од библиотеките, музеите и невладините организации. Програмата за посети во Аизпут започна со ручек во кафулето „Пеперминт“. Проектот беше признат од учесниците во проектот како еден од најдобрите примери на практично претприемништво. Беше посетена уметничката продавница „Матра“ која беше наречена уметност и деловен метод за промовирање на претприемништвото. Бирута Конраде, проект менаџер на општината, даде широк поглед на развојот на претприемништвото и образованието за возрасни во општината Аизпут. На последниот ден од обуката, раководителот на проектот, експерт за образование на КПР, Ингрида Мурашковска, на учесниците им понуди практична обука од областа на претприемништво. На крајот од сесијата, учесниците ги оценија примерите на добри практики кои им беа презентирани за време на обката. Целта на обуката беше да се осознаат претприемачките вештини кај секој учесник, а истовремено да се збогатат истите со нови идеи.
You may also like
Our last blended meeting took place in Senigallia, Italy from 4-9.06.2023. From our organization we had two adults with disabilities that participated, […]
From 14th to 18th November 2022, Knowledge Harvest attended the Comm(on)-line project in Belgium, together with the partnering organizations from Tenerife-Spain, Iceland […]
After all of the preparations in our last meeting, we finally had blended mobility in which adults with disabilities were included alongside […]
The goal of out meeting in Germany was to look over the activities of all of the countries. In the previous two […]